Два мобилни телефона од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видеозапис и две досиеја – за еден поранешен и за еден актуелен кандидат на Академијата, се одземени за време на претресот во во оваа институција во рамките на предметот против врховниот судија Наќе Георгиев.
Од Обвинителството информираа дека при анализа на телефонот на осомничениот дошле до сознанија што упатуваат на можно сторување друго кривично дело.
Врховиот судија Наќе Георгиев беше уапсен во мај годинава поради мито од 10.000 евра, со цел да намести случај во полза на обвинет.