ТЕЛОТО НА МАЛАТА МАРИЈА ПРОНАЈДЕНО ПОЛУГОЛО И КРВАВО ВО ГРМУШКИТЕ, СЕ СЛУЧИ НЕВИДЕН УЖАС! Кога ќе слушнете кого бара полицијата…

Телото на девојчето е пронајдено полуголо и крваво во грмушките во атар на селото кај Ботошан.

Повеќе од 100 полицајци го бараат вујкото на осумгодишното девојче Марија од Ботошан, чие безживотно тело синоќа беше пронајдено во грмушките во атар во селото Јајаи, а се претпоставува дека токму тој ја силувал и убил девојката.

Синоќа околу 20.00 часот девојчето излегло од дома за кај нејзиниот вујко, но не се вратило, поради што нејзините загрижени родители на крајот ја алармирале полицијата.

Следеше опсежна потрага по детето длабоко во ноќта, а за жал, некаде пред зори пристигна страшна вест – девојчето е пронајдено полуголо и мртво во грмушките.

Убиено е мало девојче: Принтскрин/ Социјални мрежи

Се сомневаат дека вујкото (32) го силувал и убил девојчето, по што побегнал од дома и се уште се трага по него.

„Првите резултати од истрагата не доведоа до осомничениот. Тој е маж (32), сопственик на куќата во која родителите синоќа го испратиле девојчето. Тој е близок роднина на семејството“, изјави портпаролката на МУП, Делија Нениску.

Полицијата го бара осомничениот вујко во радиус од 40 километри од местото на злосторството.