Телото на британскиот милионер Мајк Линч е извлечено утрово од остатоците на јахтата што потона претходно оваа недела во близина на Сицилија, изјави извор близок до спасувачката операција.
Неговата ќерка Хана (18) се уште се води како исчезната, рекол изворот, пренесе Ројтерс.
Телата на другите четири лица кои исчезнаа при потонувањето на едрилицата беа пронајдени вчера.