Телохранителот на Меси го чува и на терен! Сцена која многумина ја пропуштија: Аргентинецот врие од бес а „горилата“ му чува грб! (видео)

Лионел Меси беше прилично лут по ремито со ЛА Галакси.

Интер Мајами одигра нерешено на гости кај тимот од ЛА (1:1), а славниот Аргентинец постигна гол во судиското надополнување за изедначување и бод на тимот од Флорида.

По последниот судиски свиреж, многу играчи на Галакси го посакуваа дресот на славниот Аргентинец, кој не беше претерано возбуден бидејќи неговиот тим не успеа да победи.

Додека тој со лут израз на лицето шеташе низ теренот, неговиот личен телохранител го следеше и го штитеше неговиот грб. Играчите на противничкиот тим се приближија да се простат од славниот ас, а телохранителот будно ја следеше ситуацијата.

Снимањето на оваа интересна сцена привлече големо внимание на социјалните мрежи: