Во градот Кочани денеска се протестира по трагичниот пожар што избувна во ноќен клуб во кој животот го загубија 59 лица.
Демонстрантите пред зградата на општина Кочани повикаа на правда и одговорност.
Протестот е тензичен, демонстрантите ја кршат бариерата и фрлаат јајца.
,,Не умираме од катастрофи, умираме од корупција“, велат демонстрантите.
Вчера се случи трагедија во Кочани каде изгоре зграда на ноќен клуб при што загинаа 59 лица.