Тениската легенда му порача на Карлос Алкараз: Таквиот став е неприфатлив

Легендарниот Џими Конорс го критикуваше однесувањето што го покажа Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, во кое беше поразен со 3:1 во сетови од Италијанецот Јаник Синер.

Шпанскиот тенисер мораше да се збогува со престижниот трофеј, кој беше во негова сопственост две години, откако загуби од светскиот број еден (6:4, 4:6, 4:6, 4:6).

Сепак, на крајот од третиот сет, Алкараз покажа невообичаено песимистички став додека се обраќаше кон својот бокс, велејќи дека Синнер е многу подобар од него на основната линија, но и во натпреварот воопшто.

На осумкратниот шампион на Гренд слем турнирите од Илиноис, кој го крена трофејот на Ол Ингланд клубот во 1974 и 1982 година, тоа не му се допадна.

„Тоа е неприфатливо! Не знам дали некогаш би признал нешто такво, иако неколку пати сум бил убедливо поразен во финалето на Вимблдон. Мора да се вклучиш, да го промениш начинот на игра и да пробаш нешто различно“, му рече Конорс на Алкараз.

Недостатокот на алтернатива во играта на вториот тенисер на планетата длабоко го изненади човекот кој со 109 титули го носи статусот на најтрофеен носител во историјата на белиот спорт.

„Ако планот А не функционира, мора да смислите нешто ново. Ако сакате да ме победите, ќе мора да работите навистина напорно. Ќе се обидам да играм на три различни начини, ако ме надиграте во првиот и вториот – во третиот ќе ги сменам работите“, рече познатиот Американец во својот подкаст „Advantage Connors“.