Младата Русинка Мира Андрејева (16 г.) продолжува со победи на третиот тениски Грен Слем турнир во сезоната односно Вимблдон.
Руското тениско чудо, играјќи на својот прв сениорски турнир на трева на 16 години, во 3. коло ја победи својата сонародничка и 22. носителка Анастасија Потапова со 6:2, 7:5 и се пласираше во осминафиналето.
Мира Андрејева, која требаше да ги мине квалификациите, го одигра шестиот натпревар на турнирот.
Младата Русинка, која моментално е 102. рангирана во светот, привлече внимание кога стигна до третото коло на својот прв Грен Слем на Ролан Гарос, а сега отиде чекор понатаму.
„Многу работев на емоциите со тренерите, со родителите, многу разговаравме. Сега знам дека е полесно или подобро да ги контролирам емоциите на теренот“, изјавила таа по победата.
„Меѓутоа, денес, искрено, дури и да сакав да покажам некои емоции, не можев бидејќи речиси секој момент ми остана без здив“, додала таа.
Младата Русинка сега ја чека 25. рангирана Американка Медисон Кис.
„На Вимблдон е неверојатно. Ги гледате сите професионални играчи, го гледате Новак Ѓоковиќ, го гледате Енди Мареј. Атмосферата е одлична и се надевам дека следната година ќе бидам во друга соблекувална која ќе биде на ниво погоре“, заклучила таа.