Тен Хаг: Ни требаат засилувања, но имаме добра основа

 – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг изјави дека се надева дека тимот ќе се пласира на европските турнири. Според него, тоа ќе се одрази на буџетот, но не и на летната селекција.

-Како и обично, ни претстои многу работа. Знаеме дека сè уште сме под нивото што се очекува од Манчестер Јунајтед и мораме да фатиме чекор. Ова ќе биде мојот петти преоден рок – два од нив беа добри, два пропуштивме. Мораме да го подобриме составот, но има многу добра основа, коментира Тен Хаг.

Запрашан дали ќе има големи промени во тимот, Холанѓанецот рече: „Тоа е лудо. Откако сум тука, секое лето, секој прозорец имавме интерес за 200 играчи и го продадовме целиот тим. Така правите наслови. Најдете си добар извор“.