– Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, истакна дека триумфот над Барселона во реванш плејоф натпреварот за пласман во осминафиналето во Лига Европа е негова најголема победа откако седна на клупата на англискиот клуб.
Јунајтед синоќа се пласираше меѓу осумте најдобри екипи во Лига Европа совладувајќи ја Барселона во реваншот на „Олд Трафорд“ со 2-1, откако првиот натпревар во Шпанија заврши 2-2. Составот на Тен Хаг дојде до победата со пресврт и головите на Фред (47 минута) и Антони (73), откако претходно Левандовски (18) ја донесе Барселона во водство.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали ова е негова најголема победа како тренер на Јунајтед, холандскиот стратег одговори потврдно.
„Мислам дека да. Имавме неколку добри победи против Ливерпул и Арсенал на домашен терен. Меѓутоа, Барселона е водечки тим во шпанската лига со осум бодови предност пред Реал Мадрид и доколку можете да ги победите тогаш ова е мојата најголема победа“, изјави Тен Хаг.
Својот противник во осминафиналето во Лига Европа составот на Тен Хаг ќе го дознае на денешната жрепка во Нион.