Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег се пожали на густиот натпреварувачки календар. Тој смета дека многуте натпревари во кус период с епричина за повредата на Маркус Рашфорд.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед се повреди на денешниот натпревар со Евертон во второто полувреме и куцаше додека го напушташе теренот.
– Ова е повторно поврзано со календарот – не може да играте три натпревари во шест дена. Мораме да ги заштитиме нашите играчи, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.
Рашфорд е најдобар играч на Јунајтед оваа сезона и најзаслужен за неколку победи на „Црвените ѓаволи“.