Теодора Џехверовиќ се најде во центарот на скандал кога во јавноста беше објавена аудио снимка на која се претпоставува дека нејзиниот глас е се слуша во сексуален чин.
„Ова е прв и последен пат кога давам одговори на тоа прашање. Може да има две вистини. Првата – дека некој ми го намести сето ова и го лажира. И втората – дека бев јас и дека некој го снимил“, изјави пејачката.
„Како и да е, и двете се катастрофа за една жена. Не можам да верувам. Тоа можеше да се случи секому. Само велам, не потврдив ништо. Но, не можам да верувам дека не ја добивам поддршката од жените. Тие први се шегуваа. До одреден степен ги разбирам мажите, но не ги разбирам жените кои се потсмеваа на темата“, рече пејачката, а потоа дури и се заблагодари на (иронично ) личноста која ја измисли оваа афера затоа што тоа само ја направи посилна.
„Најпрво би сакала да се заблагодарам на личноста која ми го направи ова бидејќи сфатив колку навистина сум силна“, беше јасна Теодора.
-Тоа што ми беше направено е кривично дело. Лицето што го направило ова може да оди во затвор. Јавна личност сум, но никаде не пишува дека треба да бидам жртва на такви работи“, заклучи пејачката.
Да потсетиме, на неколку профили на Тикток беше објавен спорен клип, а на еден од нив во описот пишуваше дека на него се слушаат Теодора и кошаркарот на Партизан, Матиас Лесор, со кој неодамна ја поврзуваа. Меѓутоа, таму не може да се слушне ништо освен наводниот глас на Теодора.
Лесор без никаква причина е вмешан во целата приказна.