За масовната тепачка што се случи вчера попладне во затворот Идризова, МВР излезе со детали.
Од МВР велат дека две лица се здобиле со повреди од остар алат, со што се испратени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ за укажана лекарска помош.
„На 26.06.2024 година во 13,10 часот на СВР Скопје од Затвор Идризова соопштија дека околу 10:30 часот во затвореното амбулантско одделение бил нарушен јавниот ред и мир од физички судир на повеќе осудени лица, при што се здобил со повреди Е.М.(26. ), додека С.Д.(43) и С.М.(29) се здобиле со повреди од остар алат, со што биле испратени во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажана лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.