Во тепачка на две групи малолетници на главниот плоштад во Липјан, неколкумина од нив со тешки или полесни повреди се пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Приштина.
Тепачката што се случила попладнето завршила кога еден од учесниците со група негови врсници влегол во автомобил, а потоа со голема брзина во близина на полициската станица во Липљан покосил двајца од спротивставената група.
Полицијата испукала неколку предупредувачки истрели во воздух за да спречи понатамошна пресметка меѓу младите.
Се трага по возачот на автомобилот, а се утврдува идентитетот на учесниците во тепачката.
Oд полицијата изјавија дека двајцата тешко повредени млади момчиња се префрлени на интензивна нега и се на лекување.
Неколку млади момчиња побарале лекарска помош, која им била укажана во локалниот здравствен дом во Липјан.
Повеќе детали се најавуваат за подоцна, а за случајот е известен и надлежниот обвинител кој нареди покренување истрага.