Тепачка на паркингот на болницата „Мајка Тереза“ во Скопјe

Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера околу 9 часот наутро на паркинг во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопјe, по претходна сообраќајна незгода, едно лице физички нападнало 39-годишен маж од село Џепчиште, Тетовско.

„Инцидентот е пријавен во 11:50 часот во Полициската станица во Скопје“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Исто така, нагласуваат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.