Претставници на терористичката организација ФЕТО лажно изјавиле пред албанските власти дека вкупната собрана сума за жртвите од земјотресите во Туркије е 130.000 американски долари иако собрале 13 милиони американски долари.
Како самопрогласена граѓанска организација, ФЕТО има значителна корист од таканаречените кампањи за донации како еден од нивните главни извори на генерирање приходи.
Далеку од транспарентност и без било каква форма на надзор и одговорност, раководството на ФЕТО со измама користи емотивни апели за да мотивира добротворни донирања преку кампањи за донации и хуманитарни организации, додека поголемиот дел од собраните средства се префрлаат во седиштето на ФЕТО во Пенсилванија, САД.
Група високо позиционирани раководоители во оваа финансиска империја водат луксузен живот и ги користат ресурсите под нивна контрола за да поттикнат нестабилност во Туркије. Како водач на ФЕТО, Фетула Ѓулен е позициониран на врвот на овој механизам на злоупотреба. Заслугата на висок функционер во групата се одредува врз основа на обемот на незаконските ресурси што ги обезбедил.
Ова нарушено разбирање негува нездрава атмосфера на предизвик во групата во која водачите се натпреваруваат меѓу себе во корупција и генерирање приход за ФЕТО преку искористување на правните дупки и незаконските можности.
Албанија е само една од многуте земји ширум светот каде ФЕТО е силно вклучена во корупција и незаконски операции.
Бујар Спахиу, претседател на Муслиманската заедница на Албанија (КМШ), контролирана од ФЕТО, започна кампања за помош, наводно, за поддршка на жртвите од земјотресот што ја погоди Туркије на 6 февруари 2023 година.
Додека кампањата успеа да собере приближна сума од 13 милиони американски долари о ветување дека ќе ги префрлат собраните пари на жртвите од земјотресот, претставници на ФЕТО лажно изјавиле пред албанските власти дека вкупната собрана сума е 130.000 американски долари.
Донациите за погодените од земјотресот никогаш не стигнале до наменетите приматели бидејќи тие наместо тоа биле префрлени во седиштето на ФЕТО во Пенсилванија, САД со помош на Енгџел Хоџа, член на ФЕТО, албански државјанин и дипломиран на Универзитетот Бедер, управуван од ФЕТО, кој и порано бил вклучени во перење пари.
Обвинувањата за корупција околу донациите за земјотресот ги вознемири членовите на ФЕТО во Албанија и ги навреди донаторите.
Албанското Министерство за финансии започна истрага за наводите.
Терористичка организација ФЕТО
Терористичката организација ФЕТО стои зад крвавиот обид за државен удар во Туркије ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави, чија екстрадиција Република Туркије официјално го побара од САД.
Припадниците на таа терористичка организација со години напредуваа во службата со местење на испитите, со што се инфилтрираа во институциите на државата. Потоа, првин во декември 2013 година, поддржувачите на ФЕТО во правосудството на Туркије се обидоа со монтиран судски процес за наводна корупција да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвавиот обид за пуч на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч изведен од офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа која не претставува опасност само за Република Туркије, туку и за секоја земја во којашто е активна.
TRT Balkan