На централната автобуска станица во израелскиот град Бершева денеска се случи терористички напад во кој беа ранети девет лица, додека една жена почина на местото на нападот.
Ова го објави „Тајмс оф Израел“, повикувајќи се на лекарите од итната помош кои дошле на помош на настраданите.
Се наведува дека жртвите биле избодени, од кои едната била во критична состојба и не преживеала и покрај укажаната помош.
Останатите ранети се пренесени во болница со повреди од лесни до средни.
Израелскиот весник наведува дека напаѓачот бил застрелан и убиен.
Очевидец кој случајно се нашол на местото на злосторството изјави за N12 дека видел војници како пукаат во напаѓачот. Медиумите објавија дека тој е припадник на бедуинското малцинство во израелската пустина Негев.
Полицијата пукањето го третира како терористички напад, но не соопштува детали за идентитетот на напаѓачот.