Тест на личноста – што беше првото нешто што го забележавте на илустрацијата?

Интересен тест на личноста што се погодува! Ова е тест на личноста што ќе ве „прочита“ за една секунда: погледнете ја добро илустрацијата – што прво забележавте на неа?

Кога ја погледнавте илустрацијата, што прво забележавте – птици, женско лице, гранки или маж со лак?

Во зависност од вашиот одговор, ќе дознаете што е тоа што речиси никогаш не го покажувате пред други луѓе и од што потајно се плашите.

Што забележавте прво?

Ако прво сте виделе женско лице:

Луѓето околу вас ве гледаат како силна личност која во секој момент знае што сака од животот. Вие сте перфекционист и не дозволувате работите да се случуваат без ваша контрола. Сепак, на крајот од денот, вие сте само човек на кој му треба внимание, љубов и прегратка. Речиси никогаш не ја покажувате својата нежна страна бидејќи се плашите дека може да се повредите.

Ако прво сте ги виделе птиците:

Иако на сите им се чини дека имате високо мислење за себе и дека не ве допираат негативните мислења, реалноста е малку поинаква. Вистина е дека знаете кој и што сте, но од друга страна, немате доволно самодоверба и самопочит кога останувате сами во вашите четири ѕида. Ве плаши фактот што немате доволно храброст да го направите првиот чекор и да ги постигнете целите што толку долго ги посакувавте.

Ако прво ги забележавте гранките:

Ти си личност која живее од љубов и никој не знае да сака како тебе. Во пријателските и емотивните односи сте храбри и секогаш подготвени да направите се за доброто на саканата личност. Вашиот најголем страв е да бидете сами и сите да ве напуштат. Вие сте всушност многу несигурни во себе, но вешто го криете тоа со својата харизма и шарм.

Конечно, ако прво ја видовте жената со лак:

Вие сте спонтана личност и ги привлекувате луѓето со енергијата што ја поседувате. Обожавате да излегувате и да патувате, односно сте вистински авантурист. Но, иако сте многу социјални, вистината е дека всушност најмногу сакате да бидете сами.

Не сакате емотивно да се врзувате за луѓето, бидејќи сте многу недоверливи. Вашиот најголем страв е дека некој ќе ве изневери, бидејќи тогаш можеби ќе бидете подготвени дури и за одмазда.