За да ја знаете вистинската возраст на вашата кожа и како правилно да се грижите за неа, доволно е да направите краток тест, вели д-р Алексис Абрамсон.
Д-р Абрамсон открил дека постои едноставен тест кој точно ја открива староста на вашата кожа.
Познато е дека како што старееме, нашата кожа ја губи еластичноста и добива збрчкан изглед. Откако ќе ја поминеме 45-тата година, промените стануваат поочигледни.
Многу жени се самоповредуваат на својата кожа со користење на премногу шминка или некористење на соодветни креми.
За да не изгледате постаро отколку што навистина сте, треба правилно да се грижите за вашата кожа.
Алексис Абрамсон истакнува дека едноставен тест ја открива староста на кожата.
Таа наведува:
– Многу е лесно да се направи тест за еластичност на кожата – само штипнете ја кожата на задниот дел од раката со палецот и показалецот и држете ја пет секунди. Оставете време да помине и потоа проценете колку време е потребно кожата повторно да се израмни. Колку е пократко времето, толку е помлада функционалната возраст на кожата.
Колку време е потребно за вашата кожа да се изедначи?
1-2 секунди
Функционална возраст на вашата кожа е под 30 години.
3-4 секунди
Функционална возраст на вашата кожа е 30-44 години.
5-9 секунди
Функционална возраст на вашата кожа е 45-50 години.
10-15 секунди
Функционална возраст на вашата кожа е 60 години.
Ако на вашата кожа и се потребни подолго од 15 секунди за да се израмни, веројатно е стара 70 години или повеќе.