Тројца морнари загинаа откако врз нив падна пристапна рампа од траект на пристаниште на островот Лошињ во Хрватска.
Хрватското министерство за море, транспорт и инфраструктура потврди дека има тројца загинати, а четврт е тешко повреден.
Тешката несреќа се случила околу 15.30 часот, кога паднала пристапната рампа на траектот „Ластово“ и ги приклештила морнарите.
Несреќата се случила откако патниците се симнале од траектот, а пред да се качат нови.