Тешка сообраќајна несреќа во северна Хрватска: Се судрија неколку возила, едно лице повредено (Видео)

Околу 9 часот и 20 минути на раскрсницата на Раднички и државниот пат Д2 се случила сообраќајна незгода во која учествувале повеќе возила .

На едно лице му е укажана лекарска помош, соопшти полицијата на Копривница.

Според првичните и неофицијални информации, се судриле три автомобили и еден камион, пишува Подравски лист .

Поради увид  , делницата од државниот пат е затворена за сите возила и сообраќајот се пренасочува: Глоговац – Копривнички Бреги – Копривница и обратно.