Сопругата на познатиот холивудски актер Брус Вилис објави емотивно видео по повод 68-от роденден на актерот.
Во видеото кое го објави на социјалните мрежи, Ема Хеминг откри како плачела штом се разбудила и дека и било „скршено срцето“ гледајќи стари видеа од нејзиниот сопруг.
„Денеска му е роденден на мојот сопруг. Денот го започнав со плачење. Како што можете да видите, очите и носот ми се црвени. Мислам дека е важно вие да ги видите сите страни на ова. Често добивам пораки кои кажуваат колку сум силна. Немам избор. Посакувам да имав. Но, имам две деца кои треба да ги гледам“, вака го започна емотивното видео Ема.
„Во животот едноставно мораме да ги прифатиме работите. Сепак, понекогаш сум тажна со денови. Така се чувствувам и денес, на неговиот роденден. Почнав да снимам видео со негови снимки и, не знам зошто, тоа ми го скрши срцето. Тоа го правам и за тебе, но и за мојот сопруг“, раскажува сопругата на актерот.
Малку подоцна Ема објави и видео со снимките на Брус.
„Тој е чиста љубов. Тој е толку сакан. И секогаш ќе го сакам. Среќен роденден драги. Мојата роденденска желба за Брус е да продолжите да го чувате во вашите молитви бидејќи тоа ќе го почувствува неговата чувствителна душа. Ви благодарам многу што го сакате и се грижите за него“, напиша таа во објавата.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО И ОБЈАВАТА ОВДЕ
Брус се повлече од актерството минатата година кога започна битка со афазија, болест која му ги наруши говорните способности. Неодамна исто така беше откриено дека му била дијагностицирана и деменција.