Тешко е да се поверува: Овој аеродром не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа

Вработените во аеродромот изјавија дека не се чувствуваат како да прават нешто посебно, но дека се среќни што ја добиле наградата

Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж , соопштија од аеродромот.

Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.

Тој аеродром има во просек од 20 до 30 милиони патници годишно.

Skytrax, веб-страница за рангирање и рејтинг на авијација со седиште во Велика Британија, го прогласи аеродромот Кансаи за најдобар во светот за испорака на багаж и му ја додели наградата во април.

Кансаи беше рангиран како 18-ти најдобар аеродром во светот за оваа година, зад меѓународниот аеродром во Токио, петтопласираната Нарита и четвртопласираната Ханеда.

При изборот на најдобриот аеродром, се земаат предвид критериумите како што се пристигнувањето на багажот навреме, понудата на храна и пијалоци, процентот на навремени влезни и појдовни летови и чистота.

Вработените во аеродромот изјавија дека не се чувствуваат како да прават нешто посебно, но дека се среќни што ја добиле наградата.

Аеродромот Кансаи е изграден на вештачки остров во заливот Осака и ги опслужува регионите Осака, Кјото и Кобе.

Кансаи моментално се подготвува за Експо 2025, кој ќе се одржи во Осака.