На 28.06.2024 во 14.20 часот, на улицата „Партизанска“ во Струга, патничко моторно возило „пасат“ со ресенски регистарски таблици, што го управувала 51 годишна жена од ресенското село Крани, удрило во малолетничка од струшкото село Радолишта.
Малолетничката е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и се констатирани тешки телесни повреди, инофрмираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршија јавен обвинител и полициски екипи.