20-годишната Н.М. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, откако, според пријавата во полицијата, вчера на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје и по придвижувањето на автобусот паднала на коловозот.
Повредите и биле констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„На 25.03.2023 во 07.20 часот било пријавено дека во Скопје на бул.„Христијан Тодоровски – Карпош“ на автобуска постојка, Н.М. (20 г.) се качила од задната врата во автобус на ЈСП Скопје, управуван од З.Н. (62 г.) од Скопје, и откако автобусот се придвижил, паднала на коловозот. Таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, наведува МВР во редовниот дневен Билтен.