Тешко повреден мотоциклист во судир со трактор во Струмица

Четириесет и четири годишен мотоциклист е тешко повреден во судир со трактор во Струмица.

Како што соопшти МВР, сообраќајната нерсеќа е пријавена вчера во 07.30 часот во СВР Струмица, а се случила на ул.„Климент Охридски“, на делницата од крстосницата со магистрален пат и бул.„Ленинова“ до крстосницата која води во Зона Север, помеѓу трактор „имт-539“, управуван од В.А.(65) од с.Баница, Струмичко, и мотоцикл „кимко“, управуван од К.М.(44) од Струмица.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, наведуваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.