Пејачката Тејлор Свифт (34) го помина Божиќ на натпрњвар во Канзас Сити, најголемиот град во американската држава Мисури. Таа не ја пропушти можноста да го бодри своето момче Тревис Келче, кој играше против Лас Вегас Рајдерс.
Свифт на стадионот пристигна маскирана како Дедо Мраз а на главата носешњ божиќна капа со бројот 87 . Со истиот број кој Келц го носи на својот дрес. Со пејачката биле и нејзините родители.
Навивачите пристигнаа со транспаренти
И овојпат таа беше главната атракција, па многу обожаватели се појавија со натписи „Тука сум за Тејлор Свифт!“
Сепак, се чини дека среќата овојпат не им послужи на тимот на Тревис бидејќи загубија од Рајдерс со 14-20.
Тие се сретнаа пред натпреварот во септември
Американскиот фудбалер претходно откри како го освоил срцето на оваа популарна пејачка.
– Дефинитивно имаше луѓе кои таа ги знаеше и знаеја кој сум јас. Го имав Купидон во нејзините кругови – изјави тој во интервју за WSJ списанието, а за Купидон дознал подоцна од Тејлор.
Иако се шпекулираше дека парот го имале својот прв состанок на натпревар во септември, Тревис откри дека тие претходно биле излезени на вечера.
– Кога ја запознав во Њујорк, веќе разговаравме, па знаев дека можеме да имаме убава вечера.