„Тие се лукави ликови“ – Трамп за потезите на Русија и ултиматумот: Путин има рок до петок

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф би можел да отпатува во Русија, евентуално во среда или четврток.

Тој, исто така, предупреди дека ќе воведе санкции врз Русија ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок.

– Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето санкции. Тие се лукави карактери и се доста добри во избегнувањето санкции, па ќе видиме што ќе се случи, им рече Трамп на новинарите во неделата, според Ројтерс.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во саботата дека условите на Русија за завршување на војната, кои ги претстави минатото лето, не се променети.

Руските и украинските медиуми објавија дека овие услови подразбираат капитулација на Украина.