Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром во рамките на теренската активност која ја организира ВМРО-ДПМНЕ посочи дека на терен се гледа разочареноста на граѓаните од владата на СДСМ и ДУИ.
„Продолжуваме со оваа акција која што значи се поголемо присуство на теренот, се повисок степен на квантитет на средби со граѓаните . Тоа што го гледаме постојано е разочараност, зголемен криминалитет, проблеми во образование, проблеми во социјална политика, разочараност од нивото на корупцијата која што е распространета во секоја пора на општеството“, кажа Муцунски.
Тој во текот на своеото обраќање посочи дека на средбите со граѓаните го посочува концептот на ВМРО-ДПМНЕ како да се врати надежта во државата.
„Тоа кое што разговараме со граѓаните е концептот на ВМРО-ДПМНЕ, како ќе вратиме надеж во Македонија, со кој план и која програма настапуваме на следните и парламентарни и претседателски избори и како Македонија да ја вратиме повторно на вистинските победнички патеки. Македонија е земја која што во последните години на секое поле доживува порази. Време е Македонија повторно да биде земја на просперитет и земја каде што граѓаните ќе бидат безбедни и ќе веруваат дека има систем кој што работи насочено кон реализација на нивните потреби“, кажа тој.
Муцунски се оврна и на изградбата на коридорите и потенцираше дека Македонија ќе добие историска висока цена за овие автопати што по овој договор кој што го вклучила Владата веројатно ќе излезе дека 1 километар автопат ќе биде околу 25 милиони евра.
„Тоа што е евидентно е дека не километар, туку еден метар автопат не е изграден, а Македонија веќе платила повеќе од 100 милиони евра. Второ што е ноторен факт е дека владата во самиот договор превземала обврски кои што се противуставни, кој што го нарушуваат целиот правен поредок на државата и сето тоа сака да го помине во Собранието со европско знаменце, процес против кој застана и самата ЕУ. Тоа што ние го кажуваме е дека Македонија ќе добие историска висока цена за овие автопати што по овој договор кој што го вклучила Владата веројатно ќе излезе дека 1 километар автопат ќе биде околу 25 милиони евра. И тоа што секој граѓанин е разочаран е што никако владата да го презентира тој договор пред јавноста“, додаде Муцунски.