Според бразилските медиуми, девојката во ист ден имала секс со двајца мажи, а откако родила близнаци направила тест за татковство. Потоа следел шокантен резултат: примерокот на ДНК на мажот бил позитивен само на едно од двете деца, пишува Дејли Мејл.
Кога 19-годишната дала на анализа ДНК примерок од друг сексуален партнер, тестот покажал дека тој е биолошки татко на второто дете. Веќе поминаа 16 месеци од раѓањето на децата, но нивната приказна дури сега стана јавна.
Таа објаснила дека направила тест за татковство бидејќи не била сигурна кој е татко на нејзините деца. Во медицината овој феномен се нарекува хетеропарентална суперфекундација и се случува исклучително ретко, објасни доктор Тулио Хорхе Франко.
Хетеропатералната суперфекундација настанува кога мајката ослободува две јајце клетки кои потоа се оплодуваат со две сперматозоиди од различни мажи. Жените обично мораат да имаат секс со два различни мажи во рок од неколку дена пред или по овулацијата за да се оплодат двете јајце клетки.
Овој случај од Бразил е 20-ти ваков случај забележан во светот, а сега е објавен во научна статија.
– Можно е да се оплодат две јајце клетки од различни мажи. Бебињата делат генетика со мајките, но растат во различни плаценти – објасни докторот.
Мајката на две деца била шокирана од наодот на ДНК и рекла дека не знаела дека тоа може да се случи.
-Децата се многу слични – изјави таа за Глобо. Не е познато мислењето на таткото на децата за целата ситуација.