Централниот дефанзивец Пау Кубарси, кој со своите 17 година има само неколку настапи за Барселона, денеска прв пат во кариерата е повикан во шпанската фудбалска репрезентација за претстојните пријателски натпревари против Колумбија и Бразил.
Роден на 22 јануари 2007 година во близина на Жирона, тинејџерот на Барселона доби сениорски повик директно од репрезентацијата до 17 години.
Доколку добие минутажа од селекторот Луис де ла Фуенте против Колумбија или Бразил ќе стане најмладиот дефанзивец во историјата на Шпанија по Серхио Рамос, кој дебитираше на 18-годишна возраст.
Шпанија на 22 март во Лондон ќе игра против Колумбија, а потоа ќе го пречека Бразил на 26 овој месец на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.