ТИНЕЈЏЕР вооружен со нож ранил осумгодишно момче денеска во училиште во градот Бишофсверд во источна Германија, а потоа се самозапалил, соопшти полицијата. Регионалното Министерство за образование соопшти дека повреденото момче со хеликоптер е итно пренесено во болница, каде било констатирано дека има рани на главата и вратот.
Училишната зграда е евакуирана
Лекарите потврдија дека осумгодишното дете е во стабилна состојба. Полицијата првично изјавила дека девојка била нападната со нож, но оваа информација потоа била исправена, пишува германската новинска агенција dpa.
Зградата на училиштето била евакуирана откако полицијата добила дојава за напад со нож околу 9:45 часот по локално време. 16-годишниот напаѓач е и студент. Полицијата соопшти дека се запалил по нападот со нож, но пламенот бил изгаснат. Тој бил уапсен и пренесен во болница.