Тинејџер (17 г.) од Србија е уапсен на автопатот кај Парсберг, во Германија, под сомнение дека со автомобил BMW шверцувал пет турски државјани.
Кога вчера околу 15 часот полицијата го забележала неговото возило со српска регистрација, тој удрил на полна гас и побегнал. Потоа започнала потера по него.
„Службениците му дадоа знак да престане, но тој продолжи. Тој престигнал со полна брзина и со тоа ги загрозил другите учесници во сообраќајот, како и петмина турски државјани, кои биле во автомобилот, меѓу кои и двегодишно дете“, наведува извор од германските медиуми за Kurir.rs
Како што додава тој, автомобилот на тинејџерот подоцна излетал од автопатот во близина на одморалиштето „Јура-Ост“ и го паркирал меѓу камионите.
„Отпрвин побегнал пешки, а потоа се сокрил во контејнер за ѓубре. Потоа бил уапсен и одведен во воспитно-поправен дом. Се сомнева дека возел без дозвола“, објаснува соговорникот на германските медиуми.
За азил поднеле патници од Турција на возраст од две до 33 години, инаку семејство.