19-годишно момче е осудено на доживотен затвор за убиство, откако неговата мајка на полицијата и рекла дека избодел уште еден тинејџер до смрт.
Џошуа Делбоно го убил 16-годишниот Чарли Бејтс за време на тепачка меѓу две групи во Редсток, Сомерсет. На момчето му било одредено казна затвор да одлежи минимум 21 година откако судот го прогласи за виновен по двонеделното судење.
Делбоно призна дека го избодел Чарли, но го негираше убиството, тврдејќи дека бранел пријател, пишува BBC.
Судот открил дека кога мајката на Делбон повикала полиција, таа рекла: „Мојот син уби некого. Сега е во мојата куќа, не можам да го пуштам никаде“.
Чарли починал откако бил избоден со нож на паркинг во близина на градската библиотека. Судот открил дека тој бил со група од шест пријатели таа вечер кога два автомобили – едниот управуван од Делбоно – влегле на паркингот.
Судот исто така вели дека има историја на лоши односи меѓу жртвата и еден од групата на Делбон. Размената на навреди меѓу Чарли и пријателот на обвинетиот брзо прерасна во тепачка меѓу групите.
Неколку секунди подоцна обвинетиот излегол од своето возило со нож и ја избодел жртвата неколку пати, пишува BBC.
Додека Чарли крвател до смрт, Делбоно викал – „не се плеткај повеќе со нас“, додека тој и неговите пријатели го напуштале местото на настанот.
Целиот инцидент траел помалку од пет минути. По убиството, Делбоно возел до езерото Ширвотер во близина на Варминстер во Вилтшир каде го фрлил ножот и запалил дел од неговата облека, додека еден од групата на Делбон го снимил сето ова на неговиот телефон.