Полицијата во средата вечерта приведе 17-годишник во Елмшорн, под сомнение дека планирал да изврши терористички напад за време на божиќниот пазар и да убие луѓе со камион.
Медиумите наведуваат дека станува збор за тинејџер со германско-турско потекло . Полицијата ги прегледала неговите комуникации и нашла вознемирувачки информации, по што тој бил лоциран и уапсен.
Според информациите на Билд, малолетникот смета дека зад сè стојат исламисти.
Предупредување дека може да има напад дојде до германските разузнавачи од американски колеги.
– Можеме да потврдиме дека водиме истрага, а поради сомнение дека уапсениот планирал да изврши кривично дело, со цел да предизвика смрт на поголем број лица – соопшти обвинителството.