Поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито беше познат како голем хедонист.
Иако се опушташе со 20-годишното виски Chivas Royal Salute и пушеше пури од Хавана, кога станува збор за храната, не беше особено пребирлив.
Јосип Броз Тито ја обожаваше загорската кујна, особено штрукле. Од месото особено сакал говедско, а утрото го започнувал со кратко еспресо без шеќер.
Кога добил подарок чај од женшен во Северна Кореја, го започнал ритуалот на пиење од овој пијалок пред спиење.
Земањето чај од женшен е позната практика во Азија повеќе од 5.000 години, а неговите придобивки се многубројни: ја подобрува општата состојба на телото и менталната активност, а делува превентивно против многу болести.