Тито беше голем гурман а ове беше неговиот омилен десерт: Засладете го мрачниот ден со слатко кое Југославија го обожаваше

Јосип Броз Тито беше познат како голем гурман и љубител на домашна храна и колачи, а ова е рецептот за неговиот омилен деликатес. Некои ја нарекуваат Титов колач, а позната е и како Титова торта. Фино кремасто слатко задоволство од вкусна комбинација од чоколадо и ореви, која потсетува на осумдесеттите, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

За тесто:

  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр мелени ореви
  • 5 лажици сварено црно кафе
  • 5 лажици брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажици масло

За првиот фил:

  • 400 мл млеко
  • 5 полни лажици брашно
  • 2 жолчки

За вториот фил:

  • 200 гр маргарин
  • 10 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 гр стопена чоколада за готвење
  • 3 супени лажици ореви

Подготовка:

1.Тесто: изматете ги белките додека не се стегнат. Во жолчките додадете шеќер и изматете. Во смесата со жолчките додадете масло, изладено кафе, брашно, прашок за пециво и ореви, измешајте додека се се соедини. На крајот додадете пена од белките. Смесата за тесто се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

2. Прв фил: Во млекото додадете ги жолчките и брашното и изматете со миксер. Потоа ставете го на оган полека да се вари и мешајте додека не добиете смеса како пудинг.

3. Втор фил: Растопете чоколадо и додадете маргарин. Потоа додадете шеќер, ванилин шеќер и ореви, па соединете сè.

4. Соединете ги двата крема. Намачкајте го филот врз кората, па посипете со мелени ореви и чоколадо.