Тито никогаш не стапна на ова местo! Го обиколи цел свет, но не сакаше да стапне во овој град: Мештаните залудно се обидуваа (фото)

Урбаната легенда која кружи во регионот на Чачак вели дека поранешните политички лидери на Србија по некоја причина го заобиколувале Чачак.

Забележано е дека кралот Александар Караѓорѓевиќ го посетил само еднаш и тоа за погребот на војводата Степа Степановиќ. Исто така, интересно е што и Тито го заобиколуваше.

Доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито е познат по светските турнеи, запознавањето на далечните култури, но и по добрата соработка со нив. Со својот брод го обиколи целиот свет, но сепак го заобиколи Чачак.

За триесетте години колку што беше претседател на државата, Тито седум пати беше во Чачак, но секогаш на поминување. Често патувал во Ужице – Титовско Ужице.

Зошто го избегнуваше Чачак?

Историчарите сметаат дека оваа одлука на маршалот е поврзана со движењето Равногорје. Имено, тој верувал дека чачани се исклучително блиски до движењето предводено од Дража Михаиловиќ и затоа го избегнувал.

Не го привлекувала големата желба на Чачанци да му гостуваат, иако при секое патување и поминување низ овој град бил срдечно пречекан. Во очите на Тито, Чачани секогаш останале четници, веројатно поради близината на Равна Гора и песната „На планини, на Јелица“. Се разбира, овие податоци никогаш не беа официјално потврдени од Тито или од неговиот кабинет и останаа само на ниво на претпоставки на добро упатени историчари.

Интересно е што во полициските извештаи на Кралството Југославија од 1940 година, овој град бил оценет како озлогласено „комунистичко жариште“ во Западна Србија .

Во овој град се родени познати борци и комунисти кои Тито ги почитувал, како Филип Филиповиќ, Коста Новаковиќ, Драгиша Мишовиќ, Милка и Милош Миниќ, како и многу други…