Руската страна се уште нема добиено одобрение за именување на нов амбасадор во САД, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
На крајот на ноември во медиумите се појави информација дека најверојатен кандидат за функцијата руски амбасадор во САД би можел да биде Александар Дарчиев, шеф на Одделот за Северна Америка на Министерството за надворешни работи на Русија.
Засега нема официјална потврда за оваа информација.
Од Министерството за надворешни работи на Русија за Тасс изјавија дека одамна одлучиле за кандидатурата за нов амбасадор во САД , без да го споменат името.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го најави назначувањето на рускиот амбасадор во САД во блиска иднина.
Поранешниот руски амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, се врати во Москва откако беше разрешен од должноста врз основа на указ издаден од претседателот на Русија, Владимир Путин.