Според Захарова, меѓународната заедница мора да разбере дека САД, Велика Британија, Франција, постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, како што наведе, „го финансираат терористичкиот режим“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова , оцени дека обидот на Киев да го нападне подрачјето во Москва каде што се наоѓаат објектите на цивилната инфраструктура, вклучително и меѓународниот аеродром, претставува уште еден чин на тероризам .
„ Со оглед на тоа што Зеленски ги извршува овие терористички напади со оружје обезбедено од Запад или купено од западни фондови, ова е меѓународен тероризам“, напиша Захарова на Телеграм.
Според нејзиното мислење, меѓународната заедница мора да разбере дека САД, Велика Британија, Франција, постојаните членки на Советот за безбедност на ОН, како што наведе таа, „го финансираат терористичкиот режим“ .
Руските служби за вонредни состојби рано утринава објавија дека два дрона се оневозможени во Нова Москва , административната област на Москва, и уште еден во регионот Калуга , југозападно од главниот град на Русија.
РИА Новости подоцна објави дека уште два дрона биле соборени во Нова Москва.