“ТОА Е ЗАТВОРЕНА ТЕМА“ – Христијан Мицкоски уште еднаш повтори: “Во овој парламентарен состав и под овие услови уставни измени нема да има“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека во овој парламентарен состав и под овие услови, уставни измени нема да има.

Одговорајќи на новинарски прашања по средбата во Сојузот на стопански комори (ССК), Христијан Мицкоски кажа дека за него тоа е затворена тема.

Тоа за мене е затворена тема. Многу пати сум го кажал мојот став, ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Во овој парламентарен состав, под овие услови, под бугарски диктат, уставни измени ќе нема“, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕМакедонијаполитикаХристијан Мицкоски