Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес направи паралела меѓу рускиот напад врз неговата земја и упадот на милитантната група Хамас во Израел, велејќи дека само правилата и меѓународното право можат да обезбедат мир во светот.
„Истото зло, а единствената разлика е во тоа што има терористичка организација која го нападна Израел и терористичка држава која ја нападна Украина“, порача Володимир Зеленски во видео обраќањето на парламентарното собрание на НАТО во Копенхаген, пренесуваат странските медиуми.
Тој посочи дека единството мора и може да го спречи злото.
„Сите што спонзорираат терор нека ја почувствуваат силата на нашиот гнев. И сите на кои им е потребна помош во одбраната од теророт нека ја почувствуваат силата на нашата солидарност“, истакна Володимир Зеленски.