Во Врховниот суд во Белград сведочеа родителите на убиеното момче А.Ч. (13 г.) кој отишол на час со Коста К., момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ при што уби осум ученици и еден чувар. Како што пишува Kurir.rs, сведочењето било многу трогателно, а судијата и останатите присутни во судницата се расплакале.
Сузана Станковиќ Чикиќ, мајката на убиеното момче, детално го опиша нивниот живот пред крвавиот 3. мај, но и по големата загуба.
„Беше наше единствено дете, кога се роди донесе голема радост во нашиот дом“, изјавила мајката.
Како што изјавила на судењето, на 3. мај заедно оделе на училиште – таа, нејзиниот сопруг и синот. А.Ч. останал на сред училиште, а таа со сопругот тргнала на работа, а штом зачекорила во докторската ординација каде што работи, и се јавил сопругот и ја прашал:
„Дали виде што се случи во училиштето… имаше пукање…“
„Кога јас и мојот сопруг влеговме во таксито што не однесе во болницата во Тиршова, за да видиме дали е нашето дете таму, што се случи со него, не повикаа родителите на едно од убиените девојчиња, кои ни рекоа: Ги загубивме децата, дојдете во полициска станица Врачар. Знаете, тогаш сте во состојба на шок, се тресете, а потоа ги слушате вестите на радио. Го молам таксистот да ја зголеми брзината, а веста гласеше: Во основното училиште ‘Владислав Рибникар‘ загинаа осум деца и еден чувар и, знаете, светот застана“, кажала таа и додала: „Полицијата ни кажа дека детето ни е убиено, но знаете како е…сеуште се надевате дека е живо, бидејќи немате потврда, не сте го виделе мртво. Знаете, ние му купуваме работи, неговите омилени тениски патики, а јас му ги подготвувам овие работи, ги пеглам… да го закопам, а исто како да го подготвувам за екскурзија. Тоа е состојба на лудило“.
Како што изјавила, ладнокрвноста на осомничениот и неговите родители тешко паднала врз неа. Да потсетиме, рочиштето беше поврзано со судскиот спор што уследи по пријавата на 27 членови на семејството убиени во „Владислав Рибникар“, кои поднесоа тужба против момчето убиец, неговиот татко, мајка и училиштето.