Австрискиот сајт „Космо“ тврди дека ја лоцирал едната од двете жени кои се појавуваат на видеото од Виена на кое се гледаат две жени со девојче која личи на исчезнатата Данка Илиќ.
Таа Романка тврди дека на видеото не е Данка, туку нејзината ќерка, а „Космо“ наведува дека овие најнови информации и ги доставиле на австриската полиција.
Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА.
Како што пишува овој портал, новинарите стапиле во контакт со жената АЦС (36) преку група на Фејсбук. Според нив, таа е романска државјанка и живее и работи во Виена. Таа, како што велат, била „нервозна“ кога дознала што се случува.
„Живеам во пеколот!
– Што да кажам? Од неделата сум во пеколот! Бев во Велс кога во текот на ноќта добив неколку пораки дека на сите социјални мрежи, на телевизиите во Романија и Србија се споделува видео со моја слика и дека ме бараат поради исчезнато дете. Во неделата веднаш отидов во полиција во Велс и побарав помош, но тие ме испратија дома и ме советуваа да се пријавам во полиција во Виена во мојот округ. Вчера отидов во полиција во 21-от реон, побарав да ми помогнат и да ме заштитат, да го заштитат моето дете и мајка ми. Само што ме испратија дома. Денеска ситуацијата стана алармантна бидејќи моето лице беше лесно препознатливо во сите медиуми. Бев многу исплашена, не знаев што да правам. Се плашев дека ќе останам без работа – изјавила жената за „Космо“.
Разговорот со неа, пишува „Космо“, бил емотивен и тежок бидејќи била во шок. Размислува само, велат, што можеше да се случи доколку ја препознаеа на улица и повикаа полиција.
Полицијата ми се извини
– Тоа низ што поминувам е страшно! Никој на светот не може да разбере каков кошмар е ова! Можев невина да настрадам. Јас сум мајка, сочувствувам со детето од Србија и би сакала да го најдат. Но, она што го поминувам со мајка ми е исто толку страшно! Сега ми дојде полиција дома, им кажав се и на крајот ми се извинија за маките што ги претрпев. Ме замолија утре да дојдам кај нив да го потпишам протоколот. Сакам само оваа приказна да остане зад мене и да се обидам да ја заборавам – потенцира младаата Романка за „Космо“.
„Сакам Данка да се најде жива и здрава“
– Мојата колешка отпатува во Велс за викендот со мајка си и нејзината двегодишна ќерка. Додека била таму дознала дека ја бараат во Виена поради исчезнато дете од Србија. Иако видеото било матно, таа се исплашила и отишла во полиција во Велс. Очигледно таму не ги сфатиле сериозно нејзините мотиви, па таа немирна се вратила во Виена. Меѓутоа, кога денеска во медиумите се појавија фотографии на кои се гледа нејзиното лице, и се јавив и ја предупредив. Беше многу исплашена бидејќи не е лесно кога невин човек ќе дознае дека полицијата и граѓаните интензивно трагаат по нив бидејќи се осомничени за киднапирање на дете. Добро ја познавам ќерката на колешката, но и нејзината мајка која се грижи за детето. Сакам овој случај да се реши на најдобар можен начин, а тоа значи дека малата Данка е пронајдена жива и здрава и вратена дома. Би сакала и да и помогнам на колешката да не западне во големи проблеми – изјави таа за БС „Космо“.
Да потсетиме, Данка Илиќ исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор, а потрагата по неа трае оттогаш. По неа е распишана потерница од Интерпол, а поради нејзиното исчезнување за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.