Тоа се чекаше- НОВА ЧЛЕНКА НА БРИКС! Оваа држава сака да се приклучи на блокот

Амбасадорот на Белорусија во Бразил, Сергеј Лукашевич, и предаде нота на бразилската страна за плановите на Минск да се приклучи кон БРИКС.

Белорускиот амбасадор разговараше со заменик министерот за надворешни работи на Бразил и во таа прилика му беше врачена нота во која се вели дека Белорусија е решена да стане полноправна членка на организацијата.

На таа средба посебно внимание беше посветено на зајакнување на соработката меѓу Белорусија и Бразил.

Да потсетиме, овогодинешниот самит на БРИКС се очекува во Јужна Африка. Од почетокот на Специјалната воена операција, околу дваесет земји покажаа интерес да станат дел од оваа алијанса. Меѓу заинтересираните се и големите енергетски гиганти, но и некои помали земји. Сите нив ги обединува истата желба – да се приклучат на нов економски блок кој ќе биде противтежа на сегашниот западен поредок.