Говорејќи за убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, Мирослав Лазански во една ТВ емисија рече дека тоа е голема загатка.
„Да ви кажам искрено, премиерот на Екваторијална Гвинеја или Того не може физички да биде отстранет без помош на некоја многу моќна странска разузнавачка служба. Нашите политичари свесно бегаат од откривање на сите детали и скриени тајни за убиството на Зоран Ѓинѓиќ, рече Лазански пред неколку години и додаде:
„Не разбирам – очевидци, телохранителите на премиерот, тврдат дека имало трет куршум, а официјалната истрага го негира тоа. А зошто не работеле камерите? Од каде дојде ТВ камерата за да го сними автомобилот како заминува владиниот двор?”
Она што особено го изненади, како што рече, е еден детал во врска со Ѕвездан Јовановиќ.
„Деталот што ми е неверојатен е дека професионалец како Ѕвездан Јовановиќ си дозволил да остави отпушок во пепелникот во просторијата од која пукал?! Тоа го нема ни во филмовите“, вели Лазански.
Во едно друго гостување, Лазански, говорејќи на темата за рускиот претседател Владимир Путин , откри неколку детали од неговиот живот.
,,Таткото на Владимир Путин работел во подморница, а дедо му бил морнар. Затоа Путин често престојува на воени бродови, особено на нуклеарни подморници. Владимир Путин бил специјалист за меѓународно право. Путин не бил разузнавач, како што многумина овде мислат. Тој беше контраразузнавач“, откри Лазански.
Тој истакна дека Путин, како човек на КГБ, бил во Дрезден каде што раководел со контраразузнавачка група и се грижел за безбедноста на руските сили. Носеше, мислам, униформа на авијациски полковник. Велат дека ноќта на државниот удар во Источна Германија лично ја штител зградата на КГБ. Не размислува премногу емотивно за такви работи“, истакна Лазански.
Да потсетиме, на 71-годишна возраст почина еден од најпознатите новинари на овие простори, Мирослав Лазански . Лазански починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар. Тој беше погребан вчера во Алејата на заслужните граѓани во Белград.