Салах ал-Арури, вториот човек на политичкото крило на Хамас, вели дека нападот на организацијата врз Израел бил насочен кон „војници и воени постројки“.
Според неговите тврдења, Хамас имал разузнавачки информации дека Израел имал намера да изврши напад врз Хамас по празникот Сукот, па затоа се одлучил за „превентивен напад“.
„Израелските воени инсталации сега паднаа, што исто така не изненади. Израел се обидува да го оттргне вниманието од нивната неактивност“, вели Салах ал-Арури.
Салах ал-Арури вели дека на почетокот членовите на Хамас земале само војници како затвореници, но потоа се појавиле „вооружени цивили“, што предизвикало хаос.
„Обвинувањата на Израел и Запад дека направивме злосторства се лага. Израел е тој што прави злосторства против човештвото. Тие не ја таргетираат само инфраструктурата на Хамас, туку и цивили“, тврди тој.
Салах ал-Арури додава дека Хамас е подготвен за сите сценарија, вклучително и копнена инвазија.
„Кога станува збор за затворениците, за нив може да се разговара само кога борбите ќе завршат“, порачува Салах ал-Арури.