Европската унија, наводно, размислува за нова акција за да и наштети на профитабилната руска индустрија за извоз на нафта. Како што објави во средата Financial Times, повикувајќи се на неименувани европски претставници, Данска може да има задача да ги „чешла“ и потенцијално блокираните танкери што пренесуваат руска нафта низ нејзините води.
Земјите од ЕУ и претходно се обидоа да го „заклучат“ извозот на руска нафта, од кој дури една третина оди на глобалните пазари преку тесните нордиски водни патишта, но Москва успешно одржува огромни приходи користејќи различни методи за заобиколување на санкциите.
Една таква е употребата на т.н. флота на танкери во сенка – односно бродови за транспорт на нафта кои се осигурени во незападни земји и можат да ги исклучат системите за автоматска идентификација за да избегнат следење, пренесува Newsweek.
Financial Times тврди дека во ЕУ се водат дискусии, според кои Данска треба да го провери бродскиот сообраќај во теснецот што ги поврзува Балтичкото и Северното Море. Овој теснец се состои од пет тесни водни патишта меѓу Данска и Шведска, а преку нив поминува една третина од рускиот поморски извоз на нафта, или околу 1,5 отсто од глобалното снабдување.
Москва испорачува нафта од пристаништата „Приморск“ и „Уст-Луга“ на источниот дел од Балтичкото Море, кои се наоѓаат во близина на Санкт Петербург и поморската база на Балтичката флота во Кронштат. Маршрутата исто така води со танкери покрај седиштето на флотата во ексклавата Калининград.
Данските теснец претставуваат потенцијална точка каде што би можел да биде блокиран извозот на руска сурова нафта, но само доколку планот стигне до фаза на имплементација.
„Засега не ги проверуваме документите или бродовите што пловат низ теснецот, освен ако тоа не е поврзано со безбедноста на море“, изјавил за Financial Times неименуван претставник на данската одбрана.
Министерството за надворешни работи на Данска соопштило дека нема да ги коментира медиумските шпекулации, но дека постојано ги поддржува најстрогите санкции и иницијативи насочени кон зголемување на ефективноста на санкциите. Тие додаваат дека поради географската положба на Данска, властите внимателно ги следат поморските активности.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека сите треба да бидат предупредени за потребата да се почитуваат сите правила на меѓународниот комерцијален транспорт.
„Дали предлагате да се разговара за вакви сериозни теми врз основа на објавување на весник во кој конкретно не е наведен изворот ? Да почекаме проверени информации, па потоа ќе разговараме што да правиме“, порачал Димитриј Песков.
Новите ограничувања во Балтичкото Море, кое некои официјални лица го нарекуваат „Море на НАТО“ по пристапувањето на Финска и планираниот пристап на Шведска во НАТО, може да ги влошат тензиите меѓу Москва и нејзините западни противници.
„Данска никогаш не направила такво нешто. Блокирањето на комерцијалниот сообраќај во данскиот теснец би било блиску до објава на војна“, изјавил за медиумската агенција Reuters независниот одбранбен аналитичар Ханс Петер Михаелсен.