Толку многу ме тепаа, едвај преживеав! Исповед која ја заледува крвта во вените: Ме фаќаат морници штом се сетам! (фото/видео)

Потресни признанија на сведоците на трагичните немири во Атина ги преплавија грчките медиуми.

Грозоморните инциденти кои во понеделникот вечерта ги предизвикаа хулиганите на Динамо Загреб пред стадионот на АЕК во Атина и понатаму се главна тема во грчките медиуми.

Да потсетиме, иако УЕФА забрани присуство на гостински навивачи, околу 200 симпатизери на Динамо дојдоа на стадионот на грчкиот тим и направија тотален хаос.

Вооружените хулигани кршеле сè по ред и нападнале луѓе кои случајно се нашле таму. 29-годишен навивач на грчки клуб загина во крвава пресметка која ја запрепасти Европа.

Хоророт во Нова Филаделфија во интервју за грчките медиуми го опиша претепан навивач на грчки АЕК.

Несреќниот маж се нашол во метеж со својот син.

,,Не ми се верува дека го преживеав ова. Дојдоа овде да убиваат, а јас сум чудо што сум жив“, ја започнал својата исповед Гркот.

Тој откри дека бил нападнат од хулигани на неколку метри од каде несреќниот Михалис се здобил со смртоносна убодна рана.

,,Отидов да земам две карти за натпреварот. Го зедов син ми со мене и стигнавме во Нова Филаделфија. Мојот пријател ги виде како трчаат. Мојот син ми го одведоа пријателите и почнаа да нè тепаат”, вели повредениот и додава:

,,Имаа шлемови и маски на лицата. Толку силно ме удираа што се онесвестив. Носеа стапови, палки… Ме удрија со палка по глава и паднав.”

Навивачот се здобил со повреди на нозете, лопатките, а добил и 10 конци на главата.

„Се сеќавам само на она што ви го кажав. Штом се сетам, веднаш ме фаќаат морници. Мислам дека тоа што го паметам е премногу. Престанете со ова насилство. Грција како лулка на цивилизацијата не заслужува такви сцени. Како им дозволија да дојдат овде? Да дојдат 200 убијци и да извршат ваков убиствен напад врз нас“, прашува очајниот навивач.

Сведокот на хоророт го познавал и убиениот Михалис.

,,Лично го познавав. Беше одлично момче. Сакам да му изразам најдлабоко сочувство на неговото семејство. Ќе го паметам додека сум жив”, изјави навивачот на АЕК.