Српскиот тенисер Хамад Меѓедовиќ ја освои титулата на турнирот „Некст ген“ во Џеда , откако во големото финале го совлада Французинот Артур Филс.
Талентираното момче од Нови Пазар ја понесе неофицијалната титула за најдобар млад тенисер на светот.
Меѓедовиќ е првиот српски тенисер кој победил на престижниот турнир на кој се натпреваруваат играчи до 21 година.
Заедно со пехарот, младиот Хамад доби и огромно богатство! Сумата што ја добил, верувале или не, ја надминува заработката што ја остварил во досегашната професионална кариера. Имено, Меѓедовиќ постави турнирски рекорд со награден фонд од 514.000 долари, бидејќи триумфираше на сите натпревари во Џеда. Србинот пред учеството на престижниот турнир „Next Gen“ заработил нешто повеќе од 400 илјади долари вкупно во кариерата.
Хамад сега може мирно да прави планови за иднината и да ужива во плодовите на својата работа, а пред неколку години се постави прашање дали воопшто ќе може да изгради професионална кариера поради неговата финансиска состојба.
За среќа, големиот Новак Ѓоковиќ навреме го препозна талентот и му дојде на помош . Го финансираше младиот српски ас и не згреши…
„ Во текот на целата 2021 година не плативме ниту еден динар за сите тренери, комплетни патувања, хотели, авионски билети, физиотерапевти, масери, подготовки на кои отидоа заедно. И тоа не е мала сума пари во светот на тенис. Тоа е навистина голема сума. Еден тренер чини многу, па каде се тренерот за кондиционирање, физиотерапевтот, терените… Замислете, најдобриот на светот го вика моето дете да одиме заедно на тренинг. Замислете! Роналдо или Меси ви викаат: „Ајде да одиме на фудбал!“ или „Јави ми се ако ти треба нешто!“ Тие работи во денешно време изгледаат малку чудни, но фала богу има луѓе кои не се во пари, туку погледнете ја хуманоста. “, изјави таткото на Хамад во интервју за „Спортал“.Елдин Меѓедовиќ.