Ричард Гир знае како да направи фотографија за паметење…
Познатиот холивудски актер беше посетител на 81. Филмски фестивал во Венеција, а на премиерата на филмот „Волци“ се појави во друштво на неговата сопруга Алехандра Силва, која е 33 години помлада од него.
Lovebirds прошетаа на црвениот тепих во елегантни изданија, не ризикувајќи да бидат критикувани од модните критичари.
Имајќи го тоа на ум, Гир за оваа посебна пригода избра класичен црн костум со машна, додека фустанот на неговата сакана сопруга одлично се совпадна со неговиот моден избор.
Имено, убавата Алехандра облекла елегантен бел фустан со асиметрично деколте, а целото издание го заокружила со брановидна фризура и ефективна темна шминка.
а кога помисливме дека нивното заедничко појавување на црвениот тепих оставило доволно добар впечаток, се случи нешто неочекувано…
Ричард Гир клекнал пред својата сопруга и со став на вистински џентлмен ја замолил да се фотографира со него.
Набргу потоа следеше страстен бакнеж кој многумина го снимија со фотографија…